МУЗЕЈСКА ТУРА – FEEL HISTORY се организира за 10 – 12 лица, со посета на сите музеи во град Крушево. Почнува од 10.00 часот пред Столбот на Крушевската Република, Посета на црките Св. Никола и Св. Јован – музеј на икони, Локум и кафе во автентичен амбиент на староградска крушевска куќа, Посета на музејот на Илинденското востание – леарница и збирка оружје од 1903 г. Посета на куќата во која живеел Никола Карев и споменикот на Никола Карев, Посета на споменикот Илинден и гробот на војводата Питу Гули, Посета на спомен куќата на Тоше Проески, Посета на музејот на Никола Мартиноски, Традиционелен ручек во автентичен амбиент на староградска куќа. Во цената на турата се вклучени: влез во музеите, кафе, традиционален ручек и водич. (крушевска пита, проја, погача, крушевски колбаси, крушевско овчо сирење, ребра од фурна, гурабии со домашно слатко, домашна ракија). Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич. Времетраење на турата е 5 часа. Турата е пешачка и спаѓа во категории лесни тури. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана уплата и за групна уплата.
Резервации на: contact@feelkrusevo.com