Отворање на Социо – Економскиот Центар за Туристички Услуги – Feel Krusevo
На 27 септември 2019 год. светскиот ден на туризмот, се одржа скромна свеченост по повод отворањето на реновираниот и опремен простор во кој своите активности ќе ги извршуваат 3-те НВОа здружени во Платформата за развој на туризам во Крушево. Центарот го отвори градоначалникот на Крушево г-дин Томе Христоски кој истакна дека туризмот е област во која треба да се вложува, област која треба да се подобрува, и затоа отварањето на овој центар е голем чекор во подобрување на соработката со најнепосредно вклучените даватели на туристички услуги во општина Крушево. Општината преку потпишаниот меморандум за соработка со Платформата за равој на туризам ја покажа својата подготвеност за сите прашања од областа на подобрување на туристичките услуги да разговара со граѓанските органзиации и туристичките работници на партнерска основа.
Базар „Крушевски ентериери“
Од 1-10 август во просториите на Домот на културата „Наум Наумоски – Борче“ од Крушево се одржа базар на еко органски производи подготвени од членките на НВО „Крушевска жена“. Традиционалните подготовки на мармелад од модри сливи, слатко од бело грозје, цем од малини и капини, како и домашни ликери од ореви, вишни, нане, јагода, малина и цреша, беа поставени во автентичен амбиент на ентериер во крушевска влашка куќа од средината на 18-ти век. Базарот „Крушевски ентериери“ за време на илинденските празници беше посетен од домашни но и од многубројни странски туристи, меѓу кои и од амбасадорот на Маџарска.
Учество на „Taste Krusevo“
Членките на Платформата за развој на туризам во Крушево на 27 септември учествуваа на манифестацијата „Taste Krusevo“ во организација на СОУ „Наум Нуамоски – Борче“, на која ја претставија традиционалната крушевска кујна, преку помалку заборавени рецепти на нашите баби, како „посна алва“, „плацинта“, „солена и блага турта“ и „поскура“. Покрај традиционалната храна, изложени беа и еко – органските производи од преработки на шумски плодови, лековити масти и сирупи, ликери и чаеви, подготвени од рацете на вредните крушевски жени.
Учество на ГастроМак 2019
Со „Традиционална влашка трпеза“ членките на Платформата за развој на туризам од Крушево, учествуваа на 4-от меѓународен саем на храната во Охрид на 11 октомври. Во силна меѓународна конкуренција, „Традиционалната влашка трпеза “освои злато, кое познатиот ЕХ ЈУ кувар Стево Карапанџа го врачи на претседателот на НВО „Здружение за туризам и угостителство“ – Мери Чавкароска.
Едукативна – менторска работилница „Креирање на туристички аранжман“
Во соработка со професорите, Љупчо Крстески, Дано, Јован и Мери Абаџи од СОУ „Наум Наумовски – Борче“ Крушево, беше испланирана, теоретски спроведена и теренски организирана менторска работилница за „Креирање на туристички аранжман“ со учениците од 3-та и 4-та година на насоките хотелски и угостителски техничари. Своите теоретски познавања во делот на работење во туристичка агенција, ги преточија во неколку индивидуални тури, користејќи го концептот на оптимална понуда за минимални трошоци. Крајниот резултат беше креиран локален туристички аранжман со работен наслов „По крушевската калдрма…“
Манстирска тура
Членките на Пларформата за развој на туризам од Крушево, ја тестираа манастирската тура на ден 6-ти октомври. Следејки ја агендата на аранжманот, посетени беа мансатирот Св. Спас од каде пешки се упатија до манастирот Св. Василиј. По закуската во манастирската трпезарија, со превоз стасаа до мансатирот Св. Преображение, а го посетија и 33 метарскиот крст на местото викано Вршник во близина на манастирот.