Мисија на Центар за хумани односи
Мисијата на НВО „Центар за хумани односи“ е развој на демократско општество преку афирмација на човековите права, толеранција, градење на доверба посебно меѓу припадниците на младата популација без разлика на верска и етничка припадност, нивна едукација преку неформално образование за морални и културно – традициски вредности посебно на територијата на општина Крушево, но и во потесниот регион.
Главна област на делување на нашиот Центар за хумани односи, е квалитетно и напредно, неформално и практично образование на младата популација од сите етникуми во општина Крушево, заради нивно оспособување за паразрот на трудот и добивање на алатки и вештини за индивидуален и професионален развој, како и активно вклучување и учество во процесите на набљудување на изборните циклуси во Р.М. на сите нивоа, од претседателски, парламентарни, локални избори и референдумски изјаснувања, во партнерство со НВО МОСТ.
Од формирањето во 2000 год до 2022 год. реализирани се бројни пректи од кој ќе ги споменеме позначајните.
- Да се запознаеме и почитуваме – финансиран од ФООМ, Крал Бодуено МОТ, Да живееме здрав живот – финансирана од Агенција за млади и спорт
- Доизградба на едно спортско игралиште – фианансирана од Институт за трајни заедници , World learning – светско учење, – финансирано од УСАИД за изучување на англискиот јазик кај невработени млади лица, Туристичка карта на Крушево – фианансирано од Министерство за култура, Да не го заборавиме Крушево – Програма Живо Наследство од ФИООМ за изучување на стари занаети од младата популација, Чекор до Европска интеграција – Агенција за млади и спорт – основни познавања за функционирањето на ЕУ и придобивките од Евроатланските процеси на пристапување на Република Македонија, Отворени училишта – финасирано од ФИОМ – изучување и стекнување на креативни и професионални вештини и алатки интересни за младите, како фризерај, шминкање, моделирање на модна облека и додатоци исл. Инклузивност + креатвност = поголем интерес за упис во средните школи на лица со попречености и средношколци од други етнички заедници – ФООМ – 2017, Формирање на граѓанска платформа „ Да се живее од туризам“ – ИТЗ, АЛКА и ФРЛЗ – 2018, Јакнење на Платформата за развој на туризам – финансирана од општина Крушево – 2019
- „Етно – саем Крушево 2019“ – учество во коорганизација и кореализација на овој проект со Домот на културата „Наум Наумоски – Борче“
- „Етно – саем Крушево 2020„ – учество во коорганизација и кореализација на овој проект со Домот на културата „Наум Наумоски – Борче“
- „Инклузија во заедницата“ – 2020/2021 – поддржан од Civika Mobilitas.
- „Младински активизам за еко туризам “ Агенција за спорт и млади 2021
- Организирање на инфо тури – општина Крушево 2022
- Етно саем Крушево 2021 и 2022 – учество во реализација на Влашка соба во рамки на Етно саемот во Домот на култура „Наум Наумоски – Борче“
- Етно – саем Крушево 2023 .. логистика на сите настани поврзани со Етно саемот.
- 118 години Мартиноски – Министерство за култура, ликовни работилници, 2021 г
- 119 години Мартиноски – Министерство за култура, ликовни работилници, 2022 г.
- 120 години Мартиноски – Министерство за култура , ЕУ Хаус – органзииарање н асликарска и графичка работлница
- Подгрант на проектот „Низ женски леќи“ – „Мониторинг на родовите политики во општнските програми за спорт, социјална заштита и образование на општина Крушево“ 2022/2023
Со спроведувањето на проекот „Инклузија во заедницата“, во нашата организација како конституенти е вклучена Заедницата на Згрижувачи преку 10 згрижувачи кои се членови на нашата НВО. Во текот на реализацијата на некои проекти заеднички настапуваме со локлани ГО како „Здружението за туризам и угостителство“, „Крушевска Жена“,средното општинско школо и со општина Крушево и други неформални групи.
Во Центарот за хумани односи нема вработен кадар, но неговиот човечки потенцијал го сочинуваат 20 активни членови од кои 5 се во У.О. Во нашите проектни активности многу често вклучуваме млади волонтери, како и набљудувачи на изборните процеси како партнер на МОСТ. Од 21. 12. 2018 година НВО Центар за хумани односи е дел од Платформата за развој на туризмот FeelKrusevo.