За Нас

СЕЦ за ТУ СОЦИО ЕКОНОМСКИ ЦЕНТАР ЗА ТУРИСТИЧКИ УСЛУГИ е пилот проект на Платформата за развој на туризам од Крушево кој се спроведува како подгрант на проектот„Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис“. Проектот е дел од прекуграничната соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија, во реализција на CEED Македонија, CEED Албанија, Public, Vizion. Целта на проектот е да се формира центар за туристички услуги во кој ќе се работи на квалитативно и квантитативно подобрување на туристичката понуда во општина Крушево, на јакнење на капацитетите на членките на Платформата за развој на туризмот од друга страна, како и на практикување на јавно – приватната соработка со локалната власт и нејзнините институции.

Центарот е отворен на 27 септември 2019 год. на светскиот ден на туризмот. Просторијата во која е сместен центарот се наоѓа во строгиот центар на градот, на улица Илинденска бб истата е во сопственост на Општина Крушево, но со Одлука на Совет на општина Крушево од 15.11 2017 доделен е на користење на трите НВОа. Санитарно – техничко уредување на просторијата е дел од проектот „Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис“. Технички просторот е опремен дел со помош на општина Крушево, дел преку проектни актнивности на НВО „Центар за хумани однос“, НВО „Крушевска жена“, НВО „Здружение за туризам и угостителство“, како и со донација на мебел и столици на СОУ „Наум Наумоски – Борче“ од Крушево. Главен продукт на Социо – економкиот Центар за туристички услуги се три локални туристички тури, Mузејска, Mанастирска и Влашка. Овој центар за туристички услуги ќе се занимава и со веќе воочените недостатоци на туристичаката дестинација Крушево. Затоа во рамките на овој проект ќе обучиме четири средношколци за локалани туристички водичи, ќе организираме две инфо тури за национални туристички агнеции на кои ќе им бидат понудени локалните туристички тури. Турите се достапни на нашата web страна, но ќе ги најдете во вид на флаери и во апартманите и категоризираните соби за издавање на членките на Платформата за развој на туризам во Крушево.

Платформата за развој на туризмот се формира по иницијатива на три НВО од Крушево, НВО „Здружение за туризам и угостителство“, НВО „Центар за хумани односи“ и НВО „Крушевска жена“. На 21 декември 2018 г. потпишан е Меморандум за соработка со Општина Крушево во кој главен акцент е ставен на партнерскиот пристап при дефинирањето на приоритетните проекти, настани и иницијативи на локално ниво, кои се непосредно поврзани со квалитативно и кватнитанивно подобрување на туристичката понуда и туристичките услуги во општина Крушево.  (скен од маморандумот за соработка со општината и слики од потпишувањето…)

Нашата општествена мисија е да ја зголемиме економската моќ на нашите членки кои се долгодогишно невработени жени, преку зголемен број на туристи кои ќе ги посетат нивните вили и соби за ноќевање, да го зголемиме бројот на ноќевања вон сезона, со понуда на атрактивни локални тури и организирана продажба и дегустација на органска храна. Под нашето мото „Почувствувај го Крушево – Feel Krusevo“ сакаме на сите посетители да им го направиме престојот незаборавен, и во исто време да ги повикаме оние кои не дошле да дојдат и да го почувствуваат Крушево.

Нашите НВОа се иницијатори за формирање на Платформа за развој на туризам која  за своја цел има координирана активност преку мерките на јавно – приветен дијалог да предизвика позитивни промени во локалната заедница со посебен осврт на туризмот кој како гранка носи значителен економски бенефит на општина Крушево. Имаме искусто во делувањето во невладиниот сектор но и скромно искуство при водење на сопстевни локални бизниси. Нашата идеја е да го прошириме асортиманот на наши услуги и производи. Партнерскиот пристап при решавањето на одредени состојби и мобилизацијата на локалните капацитети и ресурси, е наша најјака страна.

УСЛУГИ НА СОЦИО – ЕКОНОМСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ТУРИСТИЧКИ УСЛУГИ – FEEL KRUSEVO

ЛОКАЛНИ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ – FEEL KRUSEVO

FEEL HISTORY – МУЗЕЈСКА ТУРА    SECRET PLACES – МАНАСТИРСКА ТУРА    FEEL TRADITION – ВЛАШКА ТУРА

ЕКО – ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ И ЛЕКОВИТИ СИРУПИ И ЧАЕВИ – FEEL NATURE

Во просторот на центарот за туристички услуги на ул. Илинденска бб. во строгиот центар на градот секој ден може да купите еколошки органски производи, лековити сирупи и чаеви произведени од членките на НВО Крушевска жена. Тоа се креативни жени крушевчанки кои исклучиво по рецептура на нивните баби и мајки подготвуваат традиционални еко – органски мармалади од шумско овошје, ајвар, лутенка, сирупи и ликери од лековити билки од чистите крушевски планински предели и сушени билки за чаеви. Богатиот асортиман на нивни производи може да го видите и на нашата web страна и да направите on-line порачка.

ПРОСТОР ЗА ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ И ГРАЃАНСКИ СРЕДБИ

Просторот на граѓанскиот центар се користи и за едукативни настани,

– Курсеви по англиски јазик за членките на Платформата за развој на туризам

– Средби на граѓански здруженија

– Работилници

– Базари

НВО „Здружение за туризам и угостителство“

НВО Здружение за туризам и угостителство е формирана 2006 год. До 2010 година активно работи на полето на промоција и поддршка на приватните даватели на соби и локални угостителски објекти во Крушево, преку издавање на каталог со сместувачки капацитети, изготвуавње на Стратегија за развој на туризам 2007 – 2013 за општина Крушево, работилници на тема  Категоризација на локални сместувачки капацитети, Вмрежување на локални туристички капацитети, учетсвува во планирањето на прекуграничниот проект со Грција во областа на подобрување на туристичката понуда преку подобрување на локалната инфрастуктура, и друго. 

    На барање на повеќе членови на здружението, одново се активираме 2019 г. Претседател на здружението е Мери Чавкароска – најстар приватен издавач на соби за туристи и сопственик на Еко – апартмани Крушево.

НВО „Центар за хумани односи“
НВИО „Крушевска Жена“

ПАРТНЕРИ

Членки сме на Националаната мрежа на социјални претпријатија во Македонија Општина Крушево Средно општинско училиште „Наум Наумоски – Борче“ – Крушево

Translate »
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial
Мени
Feel Krusevo